30 ГОДИНИ НОКАУТ – Незаборавна вечер на 9 мај со најголемите хитови
Специјални гости и музички изненадувања ќе го збогатат јубилејниот концерт.

По 30 години на македонската музичка сцена, еден од најголемите домашни бендови, „Нокаут“, ќе одржи голем јубилеен концерт на 9 мај во 21 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Пере и дружината ќе ја поведат публиката на патување низ времето, презентирајќи ги најголемите хитови од својата кариера: „Еј Би Си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Hi Fi“, „Мене ми припаѓаш“, „Сонувам Диско“, „Илјада причини за крај“, „Позитиво“, „Да си тука вечерва“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ме најдеш“ и многу други.
Настанот ќе понуди спектакуларно аудиовизуелно шоу, со специјални ефекти и незаборавна забава до максимум.
На концертот ќе настапат и специјални гости, меѓу кои: Игор Џамбазов, Дарко Гелев – Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски, како и уште многу музички изненадувања.


