КРАЈ НА ЕРАТА – Гвардиола го напушта „Етихад“

Шпанскиот стратег ја освојуваше Лигата на шампионите и сите значајни трофеи во клубот.

КРАЈ НА ЕРАТА – Гвардиола го напушта „Етихад“
Фото: Принтскрин

Пеп Гвардиола донесе одлука да го напушти Манчестер Сити по завршувањето на оваа сезона, потврдува фудбалскиот инсaјдер Фабрицио Романо.

Шпанскиот стратег ја предводи екипата од 2016 година и остави неизбришлива трага во клубот, освојувајќи ги сите значајни трофеи, вклучувајќи ја и историската титула во Лигата на шампионите. Без оглед на исходот од актуелната сезона, Гвардиола одлучи дека е време да ја заврши својата ера на „Етихад“.

Според Романо, негов наследник ќе биде Енцо Мареска. Италијанецот, кој неодамна го напушти Челси, ќе го преземе кормилото на Манчестер Сити, а неговата главна мисија ќе биде да го продолжи наследството на Гвардиола и успехот на клубот.

CATEGORIES
Share This