АПЕЛ ОД МИНИСТЕРСТВОТО – Да не се следат шпекулации од соседните земји за престојот на превозниците во Шенген

Нова визна стратегија на ЕУ отвора можност за професионално третирање на возачите

АПЕЛ ОД МИНИСТЕРСТВОТО – Да не се следат шпекулации од соседните земји за престојот на превозниците во Шенген
Фото: Принтскрин

Министерството за транспорт информира дека активно се работи на трајно решение за престојот на превозниците во Шенген зоната, во координација со Европската комисија. Ресорните министерства во изминатиот период водат интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде одржливо и долгорочно решение.

Министерството е во постојан контакт и со превозниците и со Европската комисија, со цел да се разгледаат сите можности во рамки на новата визна стратегија на ЕУ, која отвора опции за третирање на возачите како професионалци и за друг вид визи.

Сакаме да истакнеме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека сите чинители активно работат на решавање на овој предизвик.

Дијалогот со Европската комисија е континуиран, а сите опции се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од претставници на ресорните министерства и ЕК. Во наредниот период разговорите ќе продолжат со засилена динамика со цел да се постигне трајно и прифатливо решение за сите страни.

Како Министерство, апелираме јавноста да не се потпира на шпекулации и непроверени информации кои можат да го нарушат дијалогот. Особено важно е да не се следат шпекулации од соседните држави, бидејќи секоја држава одлучува самостојно. Македонија продолжува со активен дијалог за трајно решение.

CATEGORIES
Share This