СОБРАНИЕТО ДЕНЕСКА – брифинг, закон за органско земјоделство, употребата на вештачка интелегенција
Денешните активности ги вклучуваат неформален брифинг, седница на Комисијата за земјоделство и јавна расправа за извештајот на ДЗР.

Фото: Национал
Денеска во Собранието се одржуваат повеќе активности и седници на работни тела. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинарите. Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во прво читање, ќе го разгледаат предлог-законот за органско земјоделско производство.
Во собраниската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржи јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за употребата на вештачка интелигенција во јавниот сектор. На расправата воведни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и главниот државен ревизор, Максим Ацевски.
CATEGORIES Македонија


