ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ЗА ЛОЗАРИТЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ – Средствата легнаа на сметките на лозарите
Континуирани мерки за одржливо земјоделско производство

Фото: Национал
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека на сметките на 12.458 лозари се исплатени вкупно 481.127.667 денари. Исплатата се реализира во пресрет на празникот Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и лозарството.
Средствата се обезбедени во рамки на Мерката 1.8 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постојните лозови насади.
Од Министерството посочуваат дека навремената исплата е потврда за континуираната поддршка кон лозарството како стратешка гранка во земјоделството.
„Продолжуваме со спроведување мерки и политики насочени кон одржливо и унапредено земјоделско производство“, наведуваат од МЗШВ.
CATEGORIES Бизнис


