ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ КАЈ ЗЕЛЕНИКОВО – За среќа, нема повредени

Попладнево на железничкиот премин кај Зелениково се случи несреќа во која воз удри во патничко возило

ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ КАЈ ЗЕЛЕНИКОВО – За среќа, нема повредени

Попладнево на железничкиот премин кај Зелениково се случи несреќа во која воз удри во патничко возило. За среќа нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 18:10 часот. Според информациите од МВР, се работи за судир помеѓу патничко возило од марката „Тојота“, управувано од 51-годишниот Ж.М.К. од Скопје, и воз управуван од лицето С.М.

Екипа на Итната медицинска помош Скопје излезе на лице место, но немало потреба од интервенција, бидејќи нема повредени.

Од страна на надлежните извршен е увид, а причините за незгодата дополнително ќе се утврдуваат.

CATEGORIES
Share This