ДОЖДЛИВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ДЕНОТ – Повремени сончеви периоди
Попладне, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови, каде локално ќе наврнат од 10 до 15 l/m², со умерен јужен ветер.

Фото: Национал
Денеска (12.02.) времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура во интервал од 1 до 14 степени. Попладне , кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои во југоисточните делови ќе бидат од 10 до 15 l/m² . Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
T=14°C. P=957hPa. U=75%. V=2m/s.
CATEGORIES Македонија


