РЕГИОНАЛНА СПОРЕДБА – Еве колку младите во Македонија користат вештачка интелигенција

Младите најчесто ја користат вештачката интелигенција за приватни и образовни цели.

РЕГИОНАЛНА СПОРЕДБА – Еве колку младите во Македонија користат вештачка интелигенција
Фото: Принтскрин

Според податоците на Евростат за 2025 година, алатките за вештачка интелигенција (ВИ) во Северна Македонија ги користат 45,4% од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8%.

Во Европската Унија, најчесто ВИ ја користат младите во Грција (83,5%), Естонија (82,8%) и Чешка (78,5%), додека најмал процент е забележан во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).

Во регионот, најмногу ВИ користат младите во Босна и Херцеговина (65,4%), следат Хрватска (58,2%), Бугарија (50%) и Србија (47%).

Младите до 24 години, и во ЕУ и кај нас, речиси двојно почесто користат ВИ во споредба со општата популација на возраст од 16 до 74 години.

Најчесто, младите ја користат вештачката интелигенција за приватни цели (44,2%), потоа за образовни потреби (39,3%), а за професионални цели 15,8%.

CATEGORIES
Share This