ЛУФТХАНЗА ВО ШТРАЈК – Пилотите и кабинскиот персонал ги стопираат летовите од Германија
Минатата година пилотите со мнозинство гласови поддржаа синдикални активности за поголеми придонеси за пензиско осигурување.

Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ќе стапат во целодневен штрајк во четврток поради спор околу платите и условите за работа.
Причини за штрајкот се што синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара поголеми пензии за пилотите додека пак, синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ бара преговори за поголем број колективни договори.
Последици за патниците ќе бидат во можното откажување или доцнење на летовите. Штрајкот ќе влијае на сите летови од Германија, вклучувајќи и карго-летови а засега не е познат точниот број на откажани летови и компанијата чека подетални информации од синдикатите.
Минатата година пилотите со мнозинство гласови се изјасниле за преземање синдикални активности поради барање за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензиско осигурување.


