ФРАЊО ФОН АЛМЕН ИСТОРИСКИ – Три златни медали на една олимпијада
Фон Алмен го освои супервелеслаломот со време од 1:25,32 минути и стана трет алпски скијач со три златни на една олимпијада.

Швајцарецот Фрањо фон Алмен стана трет алпски скијач во историјата кој освоил три златни медали на едни Олимписки игри. Тој го комплетираше својот подвиг победувајќи денеска во супервелеслаломот со време од 1:25,32 минути.
Американецот Рајан Кокран-Сигл го повтори успехот од Пекинг пред четири години, освојувајќи сребрен медал, додека третото место му припадна на големиот фаворит Марко Одермат од Швајцарија.
Дваесет и четиригодишниот Фон Алмен, кој својата кариера ја финансираше преку донации во помладите години, претходно стана олимписки шампион во спуст на првиот натпреварувачки ден, а заедно со Танги Неф триумфираше и во новата дисциплина – тимска комбинација.
Пред него, три злата на една олимпијада освоија само Тони Зајлер во Кортина д‘Ампецо во 1956 година и Жан-Клод Кили во Гренобл во 1968 година.


