ПРЕМИЕРА НА ПИНОКИО ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР – Смеење, музика и важни пораки
На 28 февруари во 18:00 часот не пропуштајте ја најновата детска претстава!

Родители, деца, баби и дедовци, време е за театарска магија што се памети! Запознајте го Пинокио, дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури.
На 28 февруари во 18:00 часот, во Народен театар Битола, доживејте ја најновата премиера, претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски.
Ве очекува смеење што не престанува, музика и шарени ликови и важни пораки за пријателство, храброст и вистина.
Главниот лик Пинокио го игра Никола Стефанов, а во претставата настапуваат и: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски.
Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев а костимографија е на Андреј Ѓоргиевски
Од Театарската школа „Бабец“ настапуваат Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана и Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.
Тон мајстор – Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, суфлер Мирјана Христовска и инспициент: Оливер Петровски
Не пропуштајте ја оваа експлозија од смеа, музика, боја и магија – Пинокио ве очекува!


