ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО – МВР со мерки за посебен режим на сообраќај
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици, апел од полицијата за почитување на наредбите

Фото: Национал
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ќе се одржи во центарот на Скопје, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Како што соопштува МВР, денеска (10.02.2026) протестот ќе се одржи пред Собранието на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.
Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници на терен.
CATEGORIES Македонија


