НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – Дожд низ земјата, снег на планините
Во текот на денот ќе има услови за дожд, а долж Повардарието попладне ќе засилува ветерот.

Фото: Национал
Времето денеска (10.02) ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд – информираат од Управата за хидро метеоролошки работи на Македонија.
На планините во северните делови и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


