КУБА ВО ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА – Кремљ ја обвинува Америка
САД ја задушуваат економијата на островот, Русија нуди помош и снабдување со нафта

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес оцени дека ситуацијата со горивото во Куба е критична, пренесува РИА Новости.
„Одржуваме интензивни контакти со нашите кубански пријатели преку дипломатски и други канали. Тактиките на задушување што ги користи Америка навистина предизвикуваат големи тешкотии за таа земја. Разговараме со Куба за можни начини за решавање на овие проблеми, или барем за обезбедување максимална помош“, изјави Песков.
Тој додаде дека Русија се обидува да ги подобри нарушените односи со САД, додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува во постигнување договор за прекин на војната во Украина.
Рускиот амбасадор во Куба, Виктор Коронели, минатата недела истакна дека Москва неколку пати ја снабдувала Куба со нафта во последните години и дека ќе продолжи да го прави тоа, потсетува РИА Новости.


