ЗЕМЈОТРЕС ОД 3 СТЕПЕНИ – Потресот почувствуван во Тетово и околината

Интензитетот на потресот изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала

ЗЕМЈОТРЕС ОД 3 СТЕПЕНИ – Потресот почувствуван во Тетово и околината
Фото: Принтскрин

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со која управува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на Косово, на околу 46 километри северозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

CATEGORIES
Share This