(ФОТО) ВОЈНИЦИТЕ НЕ БАРААТ ЛУКСУЗ – Бараат хигиена, достоинство и почит

Нехигиенските услови, старата постелнина и руинираните санитарии доведоа до појава на кожна болест кај новопримените професионални војници во касарната во Велес.

(ФОТО) ВОЈНИЦИТЕ НЕ БАРААТ ЛУКСУЗ – Бараат хигиена, достоинство и почит
Фото: НСПВ

Како синдикат во Армијата сакаме да дадеме наше соопштение врз основа на ситуацијата во касарната во Велес , односно за појавената кожна болест “шуга” кај новопримените професионални војници.

Како синдикат во Армијата секогаш сме апелирале до раководната воена структура во Армијата и до Министерството за одбрана дека условите за живот и работа во касарните низ државата се катастрофални и треба итно да се подобрат. Ова е еден од ретките случаи кои добија медиумска покриеност и јавноста конечно дозна што се случува во касарните.

Но вакви и слични ситуации имало и порано, од самиот почеток на функционирање на македонската армија  па до сега. Поради затворениот и изолиран начин на функционирање на Армијата , најголемиот дел од таквите ситуации не се дознавале и се чувале во тајност со цел да не дознае македонската јавност колку се лоши условите за живот и работа на професионалните војници во објектите на Армијата. Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина, неисперена со години, од перници стари по 15-20 години, исто така и за кебињата и чаршавите со години стари и необновени, просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага , со многу инсекти по просториите, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво, храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли се нереновирани и руинирани повеќе од 15-20 години. Професионалните војници многу често работат во услови кога немаат струја во објектите за да се загрејат и техничка вода за да се одржава личната хигиената и хигиената на објектите, ваквите состојби траат со години.

Овие состојби се со децении непроменети поради негрижата на ниеден министер за одбрана и на военото раководство, затоа се појавуваат вакви ситуации како кожна болест како што се појави во касарната “Алексо Демниевски – Бауман” во Велес каде што професионалните војници се на воена обука.

Независниот синдикат на професионални војници СО секогаш апелира до министерството за одбрана дека треба под итно да се подобрат условите за живот и работа на професионалните војници и на сите припадници на Армијата. Да не се реновираат само објектите каде што работат офицерите и нивните канцеларии, туку треба да се санираат и реновираат објектите каде што работат војниците и каде што престојуваат 24 часа / 365 дена во годината. Со зголемениот буџет согласно барањата на НАТО , за министерството за одбрана треба да биде приоритет условите за работа и сместувачките капацитети, односно човечкиот фактор, а не тендерите за опрема и оружје. Залудно е да се вложува во опрема и оружје ако нема човечки фактор кој да ги користи.

Министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски во изминативе 20 месеци има игнорантен однос кон синдикатите во Армијата, нема никаков социјален дијалог и не се почитуваат барањата на синдикатите, затоа ситуацијата е катастрофална , со ужасни нехигиенски услови кои доведоа до кожна болест на професионалните војници , со дискримнирачки однос и со непочитување на основните човекови права на припадниците на Армијата.

Незадоволството кулминира секоја наредна година, поради погоре наведените причини и поради незголемувањето на примањата на припадниците на Армијата .

Со т.н. бришење на минималната плата од основната плата на припадниците на Армијата од Законот за служба и замена со минимални бодови, кои само со одлука на министерот за одбрана се зголемува бодот се направи вакуум период каде што припадниците на Армијата не добија покачување цели 3 години.

Примањата , лошите услови за работа, дискриминацијата, мобингот за кои министерството за одбрана и Армијата молчат и не ги решаваат , создаваат несигурност и одлив на вработените од Армијата.

Решението за подобрување на ситуацијата во Армијата е почитување на барањата на синдикатот кои произлегуваат од нивните членови – припадниците на Армијата.

п.с. Во наредниот период ќе ја известуваме јавноста за целокупната состојба во Армијата во сите делови на државата – се вели во денешното соопштение на Синдикатот на професионалните војници СО Скопје.

CATEGORIES
Share This