ДРАГАН КОВАЧКИ ОДГОВАРА НА ПРОЗИВКИТЕ – Имам безбедносниот сертификат државна тајна кој е издаден во времето на СДСМ и ДУИ

Ковачки ги демантира обвинувањата на СДСМ и ја брани својата репутација

ДРАГАН КОВАЧКИ ОДГОВАРА НА ПРОЗИВКИТЕ – Имам безбедносниот сертификат државна тајна кој е издаден во времето на СДСМ и ДУИ
Фото: ЕМ Телевизија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник, Драган Ковачки во телевизиско интервју одговори на обвинувањата и клеветите што ги изнесе опозициската СДСМ. Тој оцени дека СДСМ е „полу распадната партија“ и со јавноста сподели дека поседува највисок национален безбедносен сертификат – државна тајна, издаден во времето на СДСМ и ДУИ.

„Во врска со НАТО сертификатот, сакам да појаснам дека поседувам домашен, односно национален безбедносен сертификат – државна тајна, издаден во време на СДСМ и ДУИ, а не во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е највисокиот степен на безбедносна класификација во државата“, истакна Ковачки.

Тој дополнително потврди дека поседува и највисок НАТО сертификат и дека ја предводи македонската делегација на затворените седници на НАТО парламентарното собрание.

„Учество на затворени седници на НАТО парламентарното собрание значи дека ја предводам македонската делегација. Сите овие лаги не само што му штетат на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на Македонија. Мислам дека ваквите напади треба да престанат, а опозицијата, ако сака да биде државотворна и одговорна, треба да се фокусира на креирање политики кои одговараат на нејзиното портфолио“, додаде Ковачки.

CATEGORIES
Share This