СДСМ СЕ МАФИЈАШИ, ЈАС БЕВ ВО СТРАНСТВО ВО 1998 ГОДИНА И СПЕЧАЛИВ – Сега не живеам од плата од 2.000 евра вели Максим

Работев во странство, инвестирав паметно и умно, и затоа од политиката не живеам

СДСМ СЕ МАФИЈАШИ, ЈАС БЕВ ВО СТРАНСТВО ВО 1998 ГОДИНА И СПЕЧАЛИВ – Сега не живеам од плата од 2.000 евра вели Максим
Фото: Принтскрин

Од Движењето ЗНАМ обвинувањата на СДСМ ги нарекуваат дека се класична политичка манипулација и замајување на јавноста со цел да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл. Од ЗНАМ и порано истакнуваат дека за разлика од тој систем на СДСМ, сега нема ниту еден корупциски скандал, ниту еден криминален тендер, ниту еден скандал не ја наруши довербата на граѓаните. Аферите на минатата власт – Рашковски, Ковачевски, Мухамед Зеќири, бегалецот Груби и нивните соработници се трајно сведоштво за владеење кое ја постави Македонија во стагнација и пропаст. Филипче мора да излезе од мафијашкиот филм.

Исто така и Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ, истакнува дека неговата егзистенција не зависи од платата што ја прима како јавен функционер.

„Не сакам да бидам погрешно разбрано, но сум задоволен од платата која ја примам, бидејќи од неа не живеам“, рече Димитриевски, коментирајќи ја иницијативата на Сојузот на синдикати за измени на Законот за плати и надоместоци на пратениците, градоначалниците и другите именувани лица.

Тој нагласува дека уште од 1998 година се занимава со приватен бизнис, што му овозможува економска независност.

„Работев во странство, инвестирав паметно и умно, и затоа од политиката не живеам. Ако се направи анализа на платите на функционерите во регионот, ќе се види дека Македонија е во најниската група по личен доход на пратениците, министрите и градоначалниците“, додаде тој.

CATEGORIES
TAGS
Share This