НОВ ОЛИМПИСКИ ДЕН – Бризи Џонсон на врвот, Вон завршува со сериозна повреда

Љубителите на алпското скијање уживаа во возбудлив женски спуст

НОВ ОЛИМПИСКИ ДЕН – Бризи Џонсон на врвот, Вон завршува со сериозна повреда
Фото: Принтскрин

Американката Бризи Џонсон го освои златото во женскиот спуст на Олимписките игри во Кортина д’Ампецо. Втора заврши Германката Ема Ајхер, а третата позиција ѝ припадна на Италијанката Софија Гоџа.

Љубителите на алпското скијање уживаа во возбудлив женски спуст. Најбрзо време имаше Бризи Џонсон, која ја победи Германката Ема Ајхер за само четири стотинки, додека Италијанката Софија Гоџа заостана 59 стотинки зад победничката. Интересно е што Џонсон сè уште не успеала да победи во Светскиот Куп, но со оваа победа уште еднаш докажа дека американските спортисти се натпреварувачи за големи турнири, особено за Олимписките игри.

Трката беше обележана со незгоден пад на легендарната Линдзи Вон, која беше изнесена од патеката со хеликоптер, со што нејзините олимписки соништа завршија предвреме. Таа и покрај повредата на која се здоби неодамна, на 41 година учествуваше на Олимпијадата, за жал имаше неславен настап. Повредата, која изгледа сериозно, ја принуди да ја напушти патеката со хеликоптер. Иако нема официјални информации за тежината на повредата, постои можност дека тоа може да значи и крај на нејзината блескава кариера.

Кариерата на Линдзи првпат заврши во 2019 година, но по тригодишна пауза таа се врати на сцената и покажа зошто е една од најголемите во историјата на алпското скијање.

CATEGORIES
Share This