НОВИНИ ОД САМСУНГ – Спој на уметноста и звукот во совршена гхармонија
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии.

Откријте го “Samsung Soundbar Music Frame” звучникот, уникатен, модерен и креативен производ кој го редефинира традиционалното звучно искуство. Ова не е само аудио уред, туку и впечатлив детаљ кој го издигнува вашиот животен простор со својот беспрекорен спој на стил и звук. Без разлика дали сте љубител на музиката, ентузијаст за дизајн или некој кој ги цени убавите работи во животот, “Music Frame” го трансформира вашиот дом во оаза на звукот и стилот.
Покрај неговата функционалност, “Samsung Music Frame” звучникот служи и како платно за вашите спомени. Со можност да ги прикаже вашите омилени печатени ремек-дела, станува составен дел од вашиот ентериер. Вклучената фото подлога (“photo mat”) и прилагодливата бела рамка ви овозможуваат да го прилагодите неговиот изглед за да одговара на вашиот декор, додавајќи личен печат на вашата соба.
Со “Dolby Atmos Music” технологија, “Music Frame” звучникот нуди 3D просторно аудио искуство кое ве става во центарот на случувањата. Секоја нота е нагласена, создавајќи извонреден звучен пејзаж кој ги оживува вашата музика и филмови.
За сопствениците на “Samsung” телевизор, “Music Frame” ја активира функцијата “Q-Symphony Sound”, синхронизирајќи го звукот помеѓу уредите за кохезивно звучно искуство. Неговите можности за безжично пренесување музика овозможуваат лесно поврзување преку Wi-Fi или блутут, исполнувајќи го вашиот простор со омилените мелодии во секој момент.
“Music Frame” ги комбинира елегантниот декор и моќниот звук, правејќи го неопходен уред за секој што сака да го збогати своето искуство за домашна забава. Совршен е за љубителите на музиката, ентузијастите за дизајн и оние кои ги ценат префинетите нешта во животот.
Како што се приближува Денот на вљубените, “Music Frame” се појавува како исклучително добра идеја за подарок. Замислете на саканата личност да и подарите уред кој ги пушта нејзините омилени мелодии и прикажува ваша драга заедничка фотографија, симбол на љубов и поврзаност.
“Samsung Music Frame” е повеќе од звучник, тој е уметничко дело кое го оживува просторот со визуелен и звучен сјај. Уредот “Music Frame” е доказ за посветеноста на “Samsung” кон иновациите, нудејќи производ кој е подеднакво функционален, колку што е и убав.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните рекламни табли, паметните телефони, преносливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и мемориите, LSI системите и полуспроводниците. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата (греење, вентилација и климатизација) и роботиката, истовремено создавајќи иновативни автомобилски и аудио производи преку брендот Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција (AI) низ целото свое портфолио, Samsung овозможува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, посетете ја страницата Samsung Newsroom на news.samsung.com.



