КАМП ВО ДОЈРАН, НАТПРЕВАРИ ВО БИТОЛА – Женската селекција подготвена

Стадионот „Петар Милошевски“ со УЕФА лиценца подготвен за меѓународни дуели

КАМП ВО ДОЈРАН, НАТПРЕВАРИ ВО БИТОЛА – Женската селекција подготвена
Фото: Принтскрин

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во периодот од 4 до 8 февруари ќе одржи тренинг камп во Дојран, со кој официјално ги започнува подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Квалификацискиот циклус македонската селекција го отвора на 3 март со натпревар против Азербејџан, а четири дена подоцна, на 7 март, во Битола ќе го пречека составот на Андора.

Во вториот квалификациски прозорец, на 14 април, Македонија ќе биде домаќин на Унгарија, додека на 18 април следува и вториот дуел против истиот противник.

Квалификациите ќе завршат во јуни со уште два натпревари – на 5 јуни гостување кај Андора и на 9 јуни домашен натпревар против Азербејџан.

Во меѓувреме, кон крајот на минатата година, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола успешно ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца од втора категорија, со што се стекна со право да биде домаќин на значајни меѓународни фудбалски натпревари.

Ова е уште една потврда за континуираната посветеност на Општина Битола да го задржи статусот на најспортски град во Македонија.

CATEGORIES
Share This