ЗДОВОЛСТВО КАЈ ЕДНИ СИНДИКАТИ – Незадоволство и протести кај другите

УПОЗ го прифати предлогот на Владата за 8% покачување на платите, но синдикатите за минималецот најавуваат блокади.

ЗДОВОЛСТВО КАЈ ЕДНИ СИНДИКАТИ – Незадоволство и протести кај другите
Фото: Принтскрин

Синдикалните организации на УПОЗ го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите на околу 7.800 вработени во државната управа и правосудството. Според договорот, платите ќе растат за 8% годишно во следните три години, а дополнително ќе се усогласуваат со растот на минималната плата.

Од досега пристигнатите изјаснувања, 95% од синдикатите сметаат дека предлогот е поповолен и прифатлив, изјавија од УПОЗ.

Според пресметките, ако сегашната плата изнесува 35.000 денари, со додавање на 1.500 денари годишно од растот на минималецот и со 8% зголемување секоја година, платата за три години би достигнала околу 50.000 денари, што претставува раст од околу 40%.

Конечните договори за зголемување на платите ќе бидат потпишани индивидуално, а административните службеници ќе ги добијат повисоките плати од март, со исплата во април.

ССМ се незадоволни од застојот, најавија протести и блокади на институции од наредната недела и тоа вторник со блокада на пратениците, четврток блокада на бизнис коморите и 17 февруари блокада на Владата

Тие предупредија и на генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор доколку не се прифатат нивните барања за раст на минималната плата на 600 евра и покачување на сите плати за 100 евра.

CATEGORIES
Share This