МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ИРАН – САД ги открија причините

Американски официјални лица ја поврзаа ескалацијата на демонстрациите со внатрешни социјални и економски тензии, нагласувајќи дека Иран се соочува со долготрајни проблеми што го поттикнале незадоволството на граѓаните.

МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ИРАН – САД ги открија причините
Фото: Принтскрин

Секретарот на Министерството за финансии на САД, Скот Бесент, откри дека постапките на неговиот оддел довеле до криза на доларот во Иран и предизвикале масовни демонстрации.

„Она што го направивме беше да создадеме недостиг на долари во Иран“, призна Бесент,

Toj додава дека ја презентирал оваа стратегија во март пред Економскиот клуб во Њујорк.

„Тоа доведе до брз и драматичен исход во декември, кога една од најголемите ирански банки банкротираше. Централната банка беше принудена да печати пари, иранската валута се распадна, а инфлацијата скокна. Поради тоа го видовме иранскиот народ на улиците“, рече тој пред Економскиот комитет на Сенатот.

CATEGORIES
Share This