МАГЛИВО УТРО – Дождливо попладне
По котлините утринска магла, во текот на денот зголемена облачност

Фото: Национал
Денеска (06.02.) времето ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла по одделни котлини и температура во интервал од 1 до 9 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија..
Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, а ќе има и повремени локални врнежи од дожд, поизразени во западните делови, каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. На планинските подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, со појава на магла во претпладневните часови во делови од котлината. Од пладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен јужен ветер.
CATEGORIES Македонија


