ПРЕПОРОДЕНИОТ ЕНДРИК – Повторно стрелец до победа на Лион во Купот на Франција
Бразилецот позајмен од Реал Мадрид постигна својот петти гол за Лион

Фото: Принтскрин
Второлигашот Лавал се покажа како жесток противник за Лион во Купот на Франција, но успеаја да издржат само до 80-тата минута, кога Ендрик со феноменален гол донесе водство од 1-0 за Лион.
За Бразилецот, кој е позајмен од Реал Мадрид, ова беше петти погодок во дресот на францускиот клуб.
На крајот, Лион победи со 2-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција.
CATEGORIES Фудбал

