ДОЖД И УМЕРЕН ВЕТАР – Температури до 13 степени
Во југоисточните делови се очекуваат обилни врнежи од дожд, а на повисоките планини снег.

Фото: Национал
Денеска (05.02.) ќе преовладува облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температура во интервал од 1 до 13 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во југоисточните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 20 l/m²), додека на повисоките планини во северозападните делови ќе има врнежи од снег.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

