ПОГОЛЕМИ ОВЛАСТУВАЊА БНД – Германија го зајакнува разузнавањето

Владата најавува промена на безбедносната политика поради растечки хибридни закани

ПОГОЛЕМИ ОВЛАСТУВАЊА БНД – Германија го зајакнува разузнавањето
Фото: Принтскрин

Германската влада најавува проширување на овластувањата на своите разузнавачки служби со цел поефикасно справување со сè поизразените хибридни закани.

Во Германија, разузнавачките активности традиционално се строго ограничени, како последица на историското искуство и злоупотребите за време на нацистичкиот режим, наведува агенцијата Ројтерс.

Шефот на кабинетот на германскиот канцелар, Торстен Фрај, изјави дека голем број напади во последните години биле спречени благодарение на информации добиени од сојузнички разузнавачки служби, кои располагаат со значително пошироки овластувања.

Според него, потребна е „промена на парадигмата“ што би ѝ овозможила на германската надворешна разузнавачка служба БНД користење поинвазивни надзорни алатки. Предлог-мерките вклучуваат пристап до приватни мобилни телефони, како и можност за чување на собраните податоци во период до една година.

CATEGORIES
TAGS
Share This