ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА Дрон кај аеродромот во Дубровник за малку ќе срушел авион при слетувањето

Екипажот на авионот веднаш го пријавил инцидентот во Хрватската контрола на летање, која ја известила полицијата. Аеродромот во Дубровник беше привремено затворен, а најмалку два патнички летови беа пренасочени кон Сплит

ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА Дрон кај аеродромот во Дубровник за малку ќе срушел авион при слетувањето

Вистинска драма се одвивала во непосредна близина на аеродромот во Дубровник на 13-ти април – беспилотно летало опасно се приближило до патнички авион при неговото последно приближување за слетување. Во тој момент авионот се наоѓал на висина од околу 200 метри, а ситуацијата можела да има катастрофални последици.

Екипажот на авионот веднаш го пријавил инцидентот во Хрватската контрола на летање, која ја известила полицијата. Аеродромот во Дубровник беше привремено затворен, а најмалку два патнички летови беа пренасочени кон Сплит.

Хрватската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека неовластениот лет со дрон ја загрозил безбедноста на авионот, патниците, екипажот и луѓето на теренот.

Тие предупредуваат:

„Таквото однесување претставува сериозна закана a може да доведе i до големи финансиски загуби. Според проценките, директната штета по пренасочен лет може да достигне до 190.000 евра, додека индиректната штета – како што се пропуштените деловни и приватни обврски – е немерлива – велат од Агенцијата.

Во Хрватска, летање дронови во близина на аеродроми е дозволено само со посебна дозвола, а дури и во неконтролиран воздушен простор, летањето е ограничено на висина од 120 метри со претходно известување. Прекршителите можат да сметаат на ригорозни казни кои достигнуваат и до 20.000 евра.

Од Агенцијата апелираат за одговорност на корисниците на дронови:

„Дронот можеби некому му изгледа како безопасна играчка, но во погрешни раце станува сериозна закана“, велат од Агенцијата, апелирајќи за одговорност на корисникот.

CATEGORIES
Share This