УТРЕ СЕ СПУШТА РАКОМЕТНАТА ЗАВЕСА – Данска и Германија во големото финале

Неверојатни 19 седмерци на мечот Данска – Исланд, трет најголем број во историјата на ЕП

УТРЕ СЕ СПУШТА РАКОМЕТНАТА ЗАВЕСА – Данска и Германија во големото финале
Фото: Принтскрин

Финалето на Европското првенство во ракомет е познато – ќе се сретнат Данска и Германија. Во полуфиналето, Данска го победи Исланд, а Германија ја совлада Хрватска.

Особено внимание привлече натпреварот меѓу Данска и Исланд, каде што беа досудени 19 седмерци што претставува трет најголем број во историјата на европските првенства. Рекордот сè уште го држи мечот Словенија – Чешка од 2008 година со 21 седмерец, а 20 седмерци беа досудени на натпреварот Србија и Црна Гора – Исланд во 2006 година.

На 1 февруари на програмата во 15:15 е натпреварот за бронзен медал а во 18:00 е финалето и крунисување на европскиот шампион.

CATEGORIES
Share This