БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА БОЖИНОВСКА СО АМБАСАДОРИ – Поддршка за одржлива енергетска иднина

Размена на искуства и инвестиции беа теми на разговор на министерката Божиновска на средбите со амбасадорите на Литванија, Австрија, Кина и Украина

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА БОЖИНОВСКА СО АМБАСАДОРИ – Поддршка за одржлива енергетска иднина
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари низа билатерални средби со претставници на дипломатскиот кор во земјава, нагласувајќи дека меѓународната соработка и партнерствата се клучни за обезбедување безбедна и одржлива енергетска иднина.

На средбата со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене, вниманието беше на размена на искуства во енергетската транзиција, како и на реализација на проекти од секторот кои ја поддржуваат еколошката, економската и социјалната одржливост.

Со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, министерката разменуваше мислења за енергетските политики, транзицијата и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи проекти.

На средбата со амбасадорката на Кина, Џианг Сиаојан, беше истакната подготвеноста на Кина за примена на нивните практики во справувањето со загадувањето и користењето обновливи извори на енергија.

Со амбасадорката на Украина, Лариса Дир, беа претставени конкретните чекори кои земјата ги презема за исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во ЕУ енергетскиот пазар, при што беше понудена поддршка за украинскиот енергетски сектор.

Билатералните средби ја потврдуваат посветеноста на Министерството за остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина.

CATEGORIES
Share This