ПРЕД СТАРТОТ НА СЕЈФ СИТИ – МВР потсетува да се ажурираат податоците
МВР ја потврдува посветеноста на безбедноста и потребите на граѓаните

Фото: Национал
Граѓаните можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има промена или ако добиле известување со неточни податоци.
Барањето може да се поднесе на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје), Скопје, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот и во станиците за технички преглед на возила каде што е присутен деташиран референт на МВР.
Со овој шалтер, МВР ја потврдува својата посветеност на безбедноста и потребите на граѓаните.
CATEGORIES Македонија

