ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Подржувам повисоки плати, но, денешниот протест има политички мотиви

Власта и опозицијата различно реагираат на денешниот синдикален протест за повисоки плати

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Подржувам повисоки плати, но, денешниот протест има политички мотиви
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека поддржува повисоки плати, но дека денешниот протест на Сојузот на синдикатите има политичка позадина. Тој истакна дека дел од водството на синдикатот е „заробено од политички амбиции и одредени политички фигури“ и дека целта на протестите не е исклучиво хумана.

„Повисоките плати за работниците се само формална цел на протестот, но зад тоа стојат политички интереси, рече Мицкоски.

Од друга страна, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека неговата партија го поддржува барањето за повисоки плати, но нема врска со организирањето на протестот. Според него, актуелната влада нема капацитет за добри економски политики и не може да ги исполни барањата на работниците.

„Компаниите ја напуштаат земјата, се соочуваме со економска криза и ново задолжување од 300 милиони евра е на повидок. Луѓето треба да добијат помош, и затоа принципиелно ги поддржувам барањата на граѓанските групи, рече Филипче.

Протестот го поддржа и ДУИ. Пратеникот Блерим Беџети истакна дека проблемот не е кај работниците кои бараат достојна плата, туку во политиката.

„Минималната плата од 600 евра не е екстремно барање, туку основа за нормален живот. Зголемувањето на платите е прашање на социјална правда. Солидаризирам со протестот на синдикатите, затоа што држава што не ги штити своите работници не може да има социјална правда, рече Беџети.

CATEGORIES
TAGS
Share This