ШОК ВО БЕЛАТА КУЌА – Фотографија со Путин поставена на ѕид

Фотографијата е поставена во централниот дел на Белата куќа, на патот што ги поврзува Западното крило и резиденцијата.

ШОК ВО БЕЛАТА КУЌА – Фотографија со Путин поставена на ѕид
Фото: Принтскрин

Во централниот дел на Белата куќа, на ходникот што ги поврзува Западното крило и станбената резиденција, е поставена нова врамена фотографија на која заедно се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Информацијата ја објави дописничката на PBS од Вашингтон, новинарката Елизабет Ландерс.

Ландерс на социјалната мрежа X напиша дека ваква фотографија никогаш претходно не забележала во тој дел од Белата куќа. Под фотографијата со Путин, како што наведува таа, има уште една рамка со Трамп и неговата внука Каролина Дороти Трамп, направена на тркачката патека „Дејтона Интернешнл Спидвеј“ во Флорида.

Новинарката ги објави и самите фотографии, нагласувајќи дека нивното поставување на толку видно место е невообичаено и симболично.

Фотографијата на Трамп и Путин е направена за време на самитот во Алјаска, одржан во август минатата година, кој беше прва директна средба меѓу лидерите на САД и Русија по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

По средбата во Овалната соба, Трамп јавно се пофали со фотографијата и, според американските медиуми, изјавил дека таа му била испратена лично од Владимир Путин.

CATEGORIES
TAGS
Share This