АПЕЛ ДО СОБРАНИЕТО – Не ја именувајте Џихан Ахмед за членка на КСЗД

Граѓанските организации предупредуваат дека кандидатката нема работно искуство во областа на човековите права и недискриминација.

АПЕЛ ДО СОБРАНИЕТО – Не ја именувајте Џихан Ахмед за членка на КСЗД
Фото: Принтскрин

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на кандидатурата на Џихан Ахмед за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Групата граѓански организации апелира до Собранието да не ја именува Ахмед, бидејќи според нив, таа не ги исполнува законските услови за оваа функција.

Според законот, член на Комисијата може да биде лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование, има минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација, нема изречена правосилна казна затвор над шест месеци или забрана за вршење професија и не е носител на функција во политичка партија.

Од биографијата на кандидатката, објавена јавно од Мрежата, се гледа дека таа работела во приватна фирма, како асистент на Европскиот универзитет и како професор во средно училиште. Според Мрежата, тоа значи дека таа нема ниту една година работно искуство во областа на човековите права, особено во областа на еднаквост и недискриминација.

Дополнително, учеството на Ахмед на конференции и семинари било насочено исклучиво кон корпоративна безбедност, без активности поврзан – според Мрежата, не ги потврдуваат потребните квалификации за членство во КСЗД.

Мрежата ја оценува номинацијата како несериозна и понижувачка за граѓаните, особено во време на постојана партизација на институциите. Тие апелираат Собранието да не ја избере Ахмед и да го сфати сериозно изборот на компетентни лица за институцијата која треба да ги штити најранливите категории граѓани.

„Мрежата апелира Собранието да ја гарантира улогата на земјата во Поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права и да ја поддржи борбата против дискриминацијата со избор на квалификувани членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, се наведува во соопштението.

CATEGORIES
TAGS
Share This