СООБРАЌАЈОТ ЦЕЛОСНО ВО ПРЕКИН Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, три лица загинаа а осум се повредени
Сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Гостивар во непосредба близина на „Сеферов Бунар“ меѓу Кичево и селото Трапчин Дол вечерва е во прекин во двата правци

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информираат од СВР Охрид загинале три лица.
„Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево и дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, велат од СВР Охрид.
Сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Гостивар во непосредба близина на „Сеферов Бунар“ меѓу Кичево и селото Трапчин Дол вечерва е во прекин во двата правци. Во моментов се врши и увид. Голем број на возила на брза помош, полиција и пожарна се на терен.

