БЕЗБЕДЕН ГРАД – Ова е списокот на прекршоци и глоби

Следи намалување доколу плаќањето на глобата е во рок од 8 дена и тоа 50% од глобата

БЕЗБЕДЕН ГРАД – Ова е списокот на прекршоци и глоби
Фото: Архива

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените казни, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите.

Пречекорувањето на брзината во населено место каде е дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со соодветен знак ќе следуваат следните казни: до 10 km/h над дозволеното 15 €, од 10 до 30 km/h 50 €, од 30 до 50 km/h 300 € + забрана за управување од 3 до 12 месеци.

Надвор од населено место каде е дозволена брзина до 130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта ќе следуваат следните кзани: до 30 km/h над дозволеното 20 €, од 30 до 50 km/h 50 €, од 50 до 70 km/h 300 € + забрана за управување од 3 до 12 месеци.

За поминувањењто на црвено светло глобата е 250 € и забрана за управување од 3 до 12 месеци.

Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации) глобите изнесуваат 25 €, 40 €, 150 €, 180 € (според видот и тежината на прекршокот)

Учество во сообраќај со нерегиострирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици), стандардна глоба е 500 €. Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена → 100 €.

Следи намалување доколу плаќањето на глобата е во рок од 8 дена и тоа 50% од глобата. Ако има и забрана за управување се изрекува во половина од пропишаниот рок

CATEGORIES
TAGS
Share This