НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР – Свесен за околината, но не може да зборува

Седумкратниот шампион во Формула 1 сега се движи со инвалидска количка, но не може да оди

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР – Свесен за околината, но не може да зборува
Фото: Принтскрин

Нови информации за состојбата на Михаел Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека седумкратниот шампион во Формула 1 повеќе не е врзан за кревет.

Сепак, тој сè уште не може да оди и се движи низ својот дом со помош на инвалидска количка.

Медиумите претходно објавија дека Шумахер можеби страда од „синдром на заклучување“ или псевдо-кома, состојба при која личноста може да реагира на околината и да комуницира само со трепкање или движења на очите. Неколку извори, сепак, потврдија дека оваа информација е неточна.

„Невозможно е со сигурност да се каже дали тој разбира сè, бидејќи не може да зборува. Постојат индиции дека е свесен за дел од она што се случува околу него, но веројатно не за сè, изјави еден анонимен извор за „Дејли мејл“.

Медиумот исто така демантираше дека Шумахер присуствувал на свадбата на неговата ќерка Џина во 2024 година. Според изворите, само три до четири лица можат да го посетуваат, вклучувајќи ги поранешните лидери на Ферари, Жан Тод и Рос Браун, како и неговата менаџерка Сабине Кем.

За потсетување, Шумахер продолжува со рехабилитација по тешката повреда на мозокот која ја здоби при скијање во Алпите во декември 2013 година. Семејството строго ја чува неговата здравствена состојба.

CATEGORIES
TAGS
Share This