ТЕПАЧКА НА НАВИВАЧИ – 23 повредени и 93 уапсени во судирот меѓу „Делии“ и „Торцида“ во Тузла

Навивачите на Црвена Звезда се враќале од Шведска кога биле нападнати од Торцида

ТЕПАЧКА НА НАВИВАЧИ – 23 повредени и 93 уапсени во судирот меѓу „Делии“ и „Торцида“ во Тузла
Фото: Принтскрин

Десетици навивачи на белградската Црвена Звезда и сплитскиот Хајдук се пресметале синоќа близу меѓународниот аеродром во Тузла, при што беа повредени 23 лица, меѓу кои и еден полицаец.

Судирот се случил околу 21 часот, а на местото веднаш интервенирале повеќе патроли и специјални единици. Според полицијата, хрватските навивачи на границата со БиХ ја измамиле полицијата, тврдејќи дека одат на хуманитарен турнир во Жепче, но всушност подготвувале заседа за Делиите на околу 500 метри од аеродромот, близу паркинг.

Уапсени се 93 лица, идентификувани како членови на навивачките групи „Делии“ и „Торцида“, кои не се од Тузланскиот округ.

Медиумите јавуваат дека Црвена Звезда се враќала од Шведска, каде играла против Малме во Лига на Европа, кога била нападната од Торцида. Меѓу повредените е 25-годишно момче од Приједор, кое е во критична состојба со повреди на главата и ‘рбетот. Во тепачката биле оштетени и неколку возила.

CATEGORIES
Share This