ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Ако институциите не интервенираат, ќе преземеме акција

Реколтата од 2025 година стои складирана и откупени само 5% од производството

ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Ако институциите не интервенираат, ќе преземеме акција
Фото: Национал

Земјоделците од кочанскиот регион повторно се соочуваат со сериозни проблеми во оризопроизводството, кои останаа нерешени од минатата година. Недостигот од организиран откуп, ниските производни и откупни цени, како и неконтролираниот увоз на ориз од Блискиот Исток, го влошуваат нивното незадоволство и најавуваат можни радикални протести.

Од реколтата 2025 година, досега е откупено само околу пет проценти од оризот, додека остатокот стои складиран по амбарите. Земјоделците сметаат дека актуелната откупна цена не ги покрива ниту основните трошоци и е поставена на погрешни основи.

Откупувачите, пак, тврдат дека цените ги диктира пазарот и не можат самостојно да влијаат на нивото на откупната цена.

Производителите предупредуваат дека доколку институциите не интервенираат наскоро, ќе бидат принудени сами да бараат решенија и „да ги земат работите во свои раце“.

CATEGORIES
Share This