ЗГОЛЕМЕНА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СЛОВЕНИЈА – 1.482 евра бруто

Владата ја брани одлуката, повисоките плати го штитат стандардот на работниците и ја намалуваат социјалната нееднаквост.

ЗГОЛЕМЕНА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СЛОВЕНИЈА – 1.482 евра бруто
Фото: Принтскрин

Минималната плата во Словенија годинава ќе изнесува 1.482 евра бруто, што е за 15,97% повеќе од лани, соопшти словенечкиот министер за труд Лука Месец.

Според Форбс Словенија, зголемувањето на минималната плата е важен чекор за заштита на стандардот на работниците, но ја отвори и дебатата меѓу Владата и работодавачите за трошоците за работна сила и распределбата на профитот.

Словенечкиот премиер ги критикуваше некои работодавци кои се противат на зголемување на платите, истакнувајќи дека компаниите оствариле добри резултати и е фер дел од профитот да се подели со работниците.

Од друга страна, дел од бизнис секторот предупредува дека повисоката минимална плата ќе го зголеми товарот на компаниите, особено во трудоинтензивните индустрии.

Сепак, Владата нагласува дека зачувувањето на куповната моќ на работниците и намалувањето на социјалните разлики се поважни приоритети, особено со зголемените животни трошоци и инфлациски притисоци.

CATEGORIES
Share This