СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО ПО ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ – Без метеж на граничните премини
АМСМ апелира на прилагодена брзина и внимателно возење поради влажни коловози

Денеска (26.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Од 15 ноември 2025 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемена опасност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

