ПОДДРШКА И ГРИЖА, НЕ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ – Чеда за врската со Аце

Држењето за раце има здравствено објаснување, не романтично

ПОДДРШКА И ГРИЖА, НЕ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ – Чеда за врската со Аце
Фото: Принтскрин

Врската меѓу политичарот Чедомир Јовановиќ и неговиот пријател и цимер Аце Кос подолго време е предмет на интерес во јавноста. Двајцата отворено зборуваат за своето пријателство, нагласувајќи дека станува збор за поддршка и блискост изградени низ тешки животни периоди.

Аце Кос неодамна на социјалните мрежи сподели моменти од нивното секојдневие, откривајќи дека Јовановиќ му напишал песна како роденденски подарок. Тој истакна дека песната е симбол на нивното пријателство и благодарност за поддршката што меѓусебно си ја даваат.

На прашањата и шпекулациите во јавноста околу нивното држење за раце, Јовановиќ одговори дека причината е исклучиво здравствена. По тешка операција на ’рбетот, Кос му помага при движење и одржување рамнотежа.

„Двајца пријатели се држат за раце затоа што едниот има сериозни здравствени проблеми. Сè друго се погрешни и злонамерни толкувања“, изјави Јовановиќ.

Тој додава дека не разбира зошто блискоста и пријателството меѓу двајца мажи автоматски се толкуваат на поинаков начин.

Чедомир Јовановиќ во октомври 2024 година беше подложен на сложена операција на четвртиот и петтиот лумбален пршлен. Интервенцијата траеше речиси пет часа, при што ’рбетот беше стабилизиран со титаниумски завртки и прстен. Според лекарите, операцијата била успешна, а опоравувањето е во тек.

Двајцата порачуваат дека нивната врска се темели на искрено пријателство, меѓусебна грижа и поддршка и вредности кои, како што велат, не треба да бидат предмет на сензационализам.

Национал пишуваше за врската на Чеда Јовановиќ и Александар Кос.

ЖИВЕАТ ЗАЕДНО – Александар откри дека е 16 години помлад од Чеда

CATEGORIES
Share This