ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА – Најдоброто од Киненова

Наградувани и современи авторски дела на фестивалот Киненова

ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА – Најдоброто од Киненова
Фото: Принтскрин

Денеска (сабота) на последниот ден во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани избрани филмови од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Меѓу прикажаните наслови се и наградуваните филмови: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ и „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе.

Под мотото „Најдоброто од Киненова“, љубителите на филмската уметност имаа можност во изминатите три дена да гледаат филмови кои, со ангажиран и аналитичен пристап, отвораат важни културни и општествени прашања.

Во рамките на ова зимско издание на фестивалот беа прикажани и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на фестивалот, и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој беше член на жирито на јубилејното издание на МФФ Киненова.

CATEGORIES
Share This