ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА – Ќерката на НБА легендата Денис Родман, Тринити заработува 2 милиони по сезона
Тринити Родман ја предводеше САД до злато на Олимписките игри во Париз 2024

Американската фудбалерка Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА играч Денис Родман, стана најплатената фудбалерка во светот со потпишувањето нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави Би-Би-Си.
Според договорот, кој ќе трае до крајот на 2028 година, Родман ќе заработува два милиони долари по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.
„Тешко е да се опише како се чувствувам. Ова е вистинска пресвртница за женскиот фудбал. Многу сум среќна и благословена“, изјави 23-годишната Родман.
Досега, најплатена фудбалерка беше Шпанката Аитана Бонмати, членка на Барселона, која три пати беше прогласена за најдобра фудбалерка во светот (2023, 2024 и 2025 година).
Родман дебитираше за американската репрезентација во 2022 година, а на Олимписките игри во Париз во 2024 година ја предводеше САД до освојување на златниот медал.

