РУСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН ИСПРАТИ СИГНАЛ ЗА ПОМОШ – Слета безбедно во Кина
Авион на „Азур Ер“ со 238 патници издаде сигнал за помош додека леташе над Кина

Фото: Принтскрин
Руски патнички авион на авиокомпанијата „Азур Ер“, кој леташе на релација Пукет-Барнаул, денес безбедно слета на аеродромот Ланжоу во Кина.
Според информациите од авиокомпанијата, леталото претходно испрати сигнал за помош додека се наоѓаше над кинеска територија, по што се подготвуваше за непланирано слетување.
Авиокомпанијата нагласува дека е во постојан контакт со руските воздухопловни власти и со својот претставник во Кина за да се обезбеди целосна поддршка за патниците.
CATEGORIES Свет

