ЕП ВО РАКОМЕТ – Германија ја отвори втората фаза со триумф над Португалија
Германските ракометари обезбедија четири бода по тесната победа над Португалија

Репрезентацијата на Германија ја стартуваше втората фаза од Европското првенство со победа, совладувајќи ја Португалија со 32:30. По овој натпревар, Германците собраа четири бода во групата, додека Португалија остана со два.
Средбата од групата 1 беше целосно изедначена, и ниту една репрезентација не успеа да стекне предност поголема од два гола. Резултатот често беше нерешен, а од средината на второто полувреме Германија успеа да обезбеди предност од два гола, што се покажа како клучно за конечниот резултат.
Најефикасен во португалскиот тим беше Франциско Кошта со 10 голови, додека кај Германија Миро Шлуроф постигна 7. Голманот на Германија, Андреас Волф, забележа 13 одбрани, додека португалските голмани заедно собраа само 6.
Во првото коло од втората фаза подоцна денеска ќе се сретнат: Норвешка – Шпанија и Данска – Франција.

