ВО ГЕРМАНИЈА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ ОД 14 МИЛИОНИ СТРАНЦИ – Еве колку се Македонци
Германија ја објави статистиката за странци и лица со мигрантско потекло

Според податоците од Централниот регистар на странци (AZR) од 30 ноември 2025 година, во Германија се регистрирани 1,52 милиони турски државјани и повеќе од 1,4 милиони Украинци, објавува FOCUS. Турците со децении се на првото место, но порастот на украинските имигранти го намалува тој јаз.
Бројот на имигранти од Украина значително се зголеми поради руската војна што започна во февруари 2022 година. Стотици илјади жени, деца и мажи побегнаа од Украина во Германија.
За споредба, на крајот на 2020 година, во Германија живееле само 135.000 украински државјани. Денес, недостасуваат околу 125.000 луѓе за Украина да го заземе првото место на листата на странски државјани.
Покрај Турција и Украина, меѓу најбројните групи странци се и граѓаните на Романија, Полска, Бугарија и Хрватска.
Хрватска е на деветтото место со 414.555 луѓе. Македонија е на 22 место со 161.044 жители, а пред неа се Босна и Херцеговина – 246.724, Србија – 262.479, Косово – 322.571, Хрватска – 414.555, Бугарија – 422.787 и Грција – 347.486.
Исто така, во Германија има заедници од Русија, Кина, Индија, Австрија и конфликтни зони како Ирак и Иран. На крајот на листата се помали земји како Света Луција, Вануату, Маршалски Острови и Ватикан.
Вкупниот број на странци во Германија изнесува 14.077.867 лица. Процент во однос на вкупното население (83,6 милиони) е 16,8%.
Групата лица со мигрантско потекло е значително поголема. Таа вклучува деца на странци родени во Германија кои добиле германско државјанство. „Доцни имигранти“ (Spätaussiedler) од Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз и натурализирани странци.
Според микропописот од 2024 година, 25,2 милиони луѓе имаат мигрантско потекло, што е повеќе од 30% од населението.
Статистиката на AZR покрива повеќе од 200 земји и региони, вклучувајќи и лица без државјанство (околу 28.500) и со необјаснето потекло (околу 88.700).
Од вкупно 14 милиони странци, 230.000 се должни да ја напуштат Германија додека 190.360 имаат „Duldung“ (дозвола за привремен престој) а околу 40.000 живеат без дозвола и треба веднаш да ја напуштат земјата
Главни земји на потекло меѓу оние кои мора да ја напуштат земјата: се Турција со 23.900 лица (20.500 со „Дулдунг“) и Авганистан и Сирија со повеќе од 22.100 луѓе (19.500 со „Дулдунг“).


