12 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ГЛАВНАТА РУНДА – Македонија го заврши првенството на 14 место

Вечер во Малме ќе се играат последните натпревари од првата фаза

12 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ГЛАВНАТА РУНДА – Македонија го заврши првенството на 14 место
Фото: Принтскрин

Со вечерашните натпревари Холандија – Грузија и Шведска – Хрватска во Малме ќе се комплетира првата, групна фаза на Европското првенство во ракомет.

Во главната рунда место обезбедија: Германија, Шпанија, Португалија, Данска, Франција, Норвешка, Словенија, Швајцарија, Шведска, Хрватска, Исланд и Унгарија.

Македонската репрезентација настапи во Б-групата, каде забележа пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија, со што освои три бода. „Црвено-жолтите“ на крајот се најдоа на 14. место од вкупно 24 учесници, обезбедувајќи место меѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.

CATEGORIES
Share This