ВИНИСИУС БЛЕСНА – Нема брзање, иднината во Реал

Бразилецот се истакна со гол и две асистенции во убедливата победа над Монако

ВИНИСИУС БЛЕСНА – Нема брзање, иднината во Реал
Фото: Принтскрин

По убедливата победа на Реал Мадрид над Монако во Лигата на шампионите (6:1), Винисиус Жуниор се осврна на својот настап и на перформансите на тимот, нагласувајќи дека целокупната игра е клучот за да ја покаже својата најдобра верзија.

Бразилскиот фудбалер призна дека изминатите денови биле тешки поради критиките и свирежите од трибините. На натпреварот против Монако се истакна со два гола и една асистенција, покажувајќи дека знае како да одговори на притисокот.

„Секогаш сум во центарот на сè што се случува, но не сакам внимание поради работи надвор од теренот. Сакам луѓето да зборуваат за мене поради она што го давам за овој клуб“, рече тој.

Винисиус призна дека свирежите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ му паднале тешко:

„Не сакам да слушнам свирежи во мојата куќа, каде што се чувствувам најудобно. На последните натпревари не се чувствував комфорно бидејќи ме свиркаа секој пат кога ќе направев нешто погрешно.“

Иако ги прифати критиките како дел од работата – навивачите „плаќаат многу скап билет“ и тој нагласи дека нема намера да се откаже:

„Го знам мојот потенцијал и колку можам да одам далеку. Тука сум за да се подобрувам и секогаш се борам за овој клуб.“

На крајот, Винисиус испрати смирувачка порака за својот престој во клубот:

„Имам уште една година од мојот договор. Му верувам на претседателот, тој ми верува, и ќе решиме сè во вистинско време. Нема брзање.“

Бразилецот е дел од Реал Мадрид од 2018 година и во 352 натпревари постигнал 113 гола и има 94 асистенции, освои сè што може да се освои со клубот.

CATEGORIES
Share This