СРЕДБА ВО ДАВОС – Виткоф и Дмитриев остварија позитивен разговор за Украина
Средбата траеше повеќе од два часа, а разговорите беа оценети како многу позитивни

Фото: Принтскрин
На маргините на Светскиот економски форум во Давос се одржа средба меѓу специјалниот пратеник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Главна тема на разговорот беше можноста за решавање на украинската криза.
Средбата траеше повеќе од два часа, а Виткоф ја оцени како „многу позитивна“, пренесува новинар на Спутник.
„Разговорите беа многу позитивни“, изјави тој по завршувањето на средбата.
CATEGORIES Свет

